Занило е голем малер - ќе го пропушти ЕП 2024 поради повреда!

Италија и на ова Европско првенство (ЕП) ќе биде без помошта на Николо Заниоло кој го повреди стапалото во мечот меѓу Астон вила и Ливерпул (3-3).

Заниоло оваа сезона е на позајмица во Астон вила, а против Ливерпул влезе во игра во 65. минута и издржа само 14 минути пред да се повреди.

Медицинските прегледи покажаа дека станува збор за посериозна повреда поради која Заниоло нема да настапи на ЕП 2024, а такво нешто му се случи и пред неколку години.

Италија се наоѓа во група со Хрватска, Шпанија и Албанија.