Љуботен го освои Купот: Марковска со гол од корнер ја шокира Каменица Саса (ВИДЕО)

ЖФК Љуботен славеше со 1-0 против ЖФК Каменица Саса во финалето на Купот на Македонија, а единствениот гол беше дело на Александра Марковска.

Двете екипи имаа добри шанси во првото полувреме, но мрежите мируваа по првите 45 минути, додека во вториот дел продолжи возбудливата игра, меѓутоа нападот на екипите не беше многу расположен.

Во третата минута од судиското надополнување Марковска го постигна прекрасниот гол директно од корнер и ја шокира Каменица Саса.