
Го бараше Манчестер јунајтед, тој потпиша со Лајпциг до 2026 година
Новопечениот репрезентативец на Франција беше на листата на желби на Манчестер јунајтед, Милан, Челси и други клубови, но реши да го продолжи договорот со Бундеслигашот.
Енкунку сега ќе остане во Лајпциг до јуни 2026 година. Во неговиот нов договор има и откупна клаузула од 60 милиони евра, која станува валидна во јуни 2023 година.
Ова е очигледен знак дека офанзивниот играч за врска не планира уште долго да игра за германскиот состав. Па ако ја повтори ланската сезона, сигурно дека многу клубови без проблем ќе платат 60 милиони евра за неговите услуги.
Лани на 50 натпревари во сите конкуренции постигна 35 голови и имаше 19 асистенции.