Гнабри сруши рекорд на Клосе во германската репрезентација (ВИДЕО)

Серж Гнабри продолжува со фантастичните игри сезонава. Добрата форма од Баерн Минхен ја префрли и во германската репрезентација. 

Крилниот фудбалер вечерва постигна еден гол, а имаше и една асистенција во првото полувреме на пријателскиот натпревар со Аргентина во Дортмунд. Гнабри со својот гол го сруши рекордот на Мирослав Клосе и стигна до десет голови за националниот тим на само 11 натпревари.

На легендарниот Клосе му беа потребни 13 натпревари за да стигне до десет голови за Германија.