Главоболки за Солшер: Двајца фудбалери се скараа на тренинг на Јунајтед

Манчестер јунајтед го совлада Челси на свој терен во првото коло од Премиерлигата со 4-0 и така на одличен начин ја почна сезоната.

Тренерот Оле Гунар Солшер може да биде задоволен, но очигледно не за долво. Англиските медиуми пишуваат дека на тренинг на Јунајте се скарале Алексис Санчез и Мејсон Гринвуд и дека тие размениле тешки зборови.

Чилеанецот на еден од тренинзите добил удар од Гринвуд по што збеснал и разменил неколку остри зборови, а засега не е познато дали ќе има некакви последици поради овој потег на играчите.