Ѓулер: Немам никаков проблем со Анчелоти

Арда Ѓулер вели дека сака да има повеќе минути на теренот, но јасно му е дека постепениот прогрес е нормална фаза во Реал Мадрид.

За разлика од лани, Ѓулер сега почесто е на теренот, но кога се играат најважните натпревари е на клупата за резерви.

„Нема проблеми меѓу мене и Карло Анчелоти, воопшто. Оваа сезона добивам повеќе минути“, вели Ѓулер.

„Се разбира дека сакам да играм на секој натпревар, но тоа е нормално. Се е во ред. Нема проблеми“.