Газдата на ПСЖ обвинет за киднапирање!

Претседателот на францускиот шампион ПСЖ, Насер Ал-Келаифи е во центар на голем скандал затоа што беше обвинет за киднапирање и изнуда, а негова жртва бил француско-алжирскиот бизнисмен Тајб Б.

Бизнисменот бил уапсен и затворен на 1 ноември 2020 година во Катар поради сомнеж дека имал доверливи информации за високи функционери кои биле вмешани во нелегални избори за добивање на Мундијалот, а еден од нив бил Ал-Келаифи.

По силен притисок бизнисменот ги предал документите, по што потоа бил пуштен на слобода, а француските медиуми пишуваат дека зад апсењето стои газдата на клубот од Париз.