Гатузо си заминa од Фиорентина по само 22 дена!

Џенаро Гатузо по последното коло во Серија А изминатата сезона и киксот со Верона по кој Наполи не обезбеди место во Лигата на шампиони веднаш беше отпуштен. 

Сепак, веќе следниот ден тој си најде нова работа и тоа во Фиорентина. Само 22 дена подоцна, Гатузо си замина од Фиренца поради сериозни недоразбирања со управата на „виолетовите“ околу трансфер-пазарот.

На тренерот не му се допаѓа фактот што Фиорентина планира да продаде дел од најдобрите играчи како Душан Влаховиќ, Никола МИленковиќ или Гаетано Кастровили. Исто така нема буџет за нови засилувања, што сериозно го изнервирало тренерот, кој веднаш побарал раскин на договорот.

Фиорентина утринава објави официјално соопштение со кое ја потврди разделбата со Гатузо.