Гатузо продава четири соиграчи на Елмас за - 200 милиони евра

Италијанските медиуми пишуваат дека Наполи на лето ќе прави ремонт на екипата. Наводно, ќе бидат продадени четири фудбалери, а тоа се Калиду Кулибали, Алан, Аркадиуш Милик и Фаузи Гулам.

Џенаро Гатузо е подготвен овие четири фудбалери да ги продаде за сума од 200 милиони евра. За Кулибали се заинтересирани Манчестер јунајтед, ПСЖ и Ливерпул, а од него Наполи треба да добие најмногу пари, односно 90 милиони евра.

Останатите тројца фудбалери заедно би чинеле околу 110 милиони евра, што му се доволно на Наполи за ремонт на екипата.