Гасперини му одржа лекција на Конте: Аталанта го понижи Наполи!
Избраниците на Антонио Конте беа двапати шокирани во првото полувреме од страна на Адемола Лукман, кој погоди во 10. и 31. минута за предност од 2-0.
Конте реши да направи неколку измени во вториот дел со надеж дека ќе се врати во игра за бодови, но Наполи не ги користеше шансите, а потоа казната пристигна од Матео Ретеги кој ги постави конечните 3-0.
Наполи останува на првата позиција со 25 бодови, по што следи Аталанта со 22, додека Интер и Јувентус имаат по 21 бод.