Фудбалска револуција во Холандија: Ќе се воведе „дозволен офсајд“ од – десет сантиметри!

Откако во фудбалот влезе видео-технологијата (ВАР) како дополнителна судиска помош за арбитрите, низа одлуки во милиметри кај офсајдите предизвикаа еден куп нервози и гнев кај тренерите, ама и кај навивачите, па во Холандија сега ќе има вистинска револуција - „дозволен офсајд“.

За да се избегнат нервозите, но и смешните ситуации дека пазувите на фудбалер, ноктот на напаѓачот или задникот за милиметар биле во офсајт и поради тоа е поништен гол, во Холандија сега ќе се воведе „дозволена грешка“ од најмногу десет сантиметри.

Ова значи дека фудбалер кој е во шанса ако е десетина сантиметри најблизу до голманот, нема да има аларм за прегледување на снимката и поништување на голот со ВАР. И после ваквата најава од Холандија, Англичаните први се побунија и побараа од ФИФА да го спречи сето ова.

„Проблемот со воведување на ВАР е што се поништуваат голови за милиметарски офсајди, а сето тоа доведува до намалување на бројот на постигнати голови на мечевите, гледано статистички, барем таму каде што се применува оваа видео-технологија. Затоа веќе се работи на нешто што барем ќе го отстрани тој проблем и ќе го направи позанимлив фудбалот“, велат од револуционерната комисија.

Нормално, на ваква авантура сега ќе има нови врескања зашто во случајов, ќе паѓаат голови од офсајд(и), кои нема да се свират, ако сето ова помине.