
Фудбалерите на Реал Мадрид биле информирани дека Килијан Мбапе - не доаѓа!
Наводно фудбалерот утре треба да ја соопшт својата конечна одлука околу својата иднина.
Најновата шпекулација вели дека во таборот на Реал Мадрид веќе се свесни дека ја загубија битката за потписот на напаѓачот. Според шпанскиот новинар Гилем Балеге, претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез синоќа пред дуелот со Бетис на фудбалерите на Реал им соопштил дека Мбапе сепак нема да дојде ова лето.
Фудбалерот одбрал да продолжи во Париз и да го прифати новиот двегодишен договор. Мајката на Мбапе уште вчера изјави дека понудите од Реал и ПСЖ се речиси идентични и дека нејзиниот син сам ќе ја направи конечната одлука.