Фудбал во корона ера: Атлетико Мадрид и без навивачи дома останува – непобедлив!

Откако фудбалот се рестартираше во јуни лани после експлозијата на коронавирус низ светот, најпопуларниот спорт се соочи со „новата нормалност“ да се игра пред празни трибини, па домашните тимови практично ја загубија предноста со недостатокот на својот 12-ти играч, навивачите.

Но, според истражувањето на фудбалската опсерваторија „ЦИЕС“, за некои гиганти „новата нормалност“ не е преголем проблем, па така Атлетико Мадрид, кој во Шпанија има највоинствени навивачи, нема проблем да игра и на празен стадион, зашто „Ванда Метрополитано“ и така е – неосвоива тврдина.

Дури 86,7 отсто успешност има Атлетико во „новата нормалност“, што го прави број еден меѓу клубовите кога ќе се пресмета ефектот на ковид-19 врз затворањето на трибините и губењето на поддршката од домашните навивачи на свој терен. Зад актуелниот лидер во шпанската Ла Лига е неговиот градски ривал Реал Мадрид со 85,7 отсто усшешност, а над 80 отсто се уште и Баерн Минхен со 83,3, Манчестер сити со 81,3, а следат ПСЖ со 72,7, Ливерпул со 71,4...

Со над 70 отсто успешност на домашен терен од клубовите во најсилните пет лиги уште се и Рома, Интер, Аталанта, Севилја, Јувентус, Наполи, Монако, Лил, Милан, Челси...