Французите откриваат: Новата сезона во Лига 1 ќе стартува на 23 август

На крајот на април во Франција беше одлучено да се прекине фудбалската сезона која беше суспендирана поради пандемијата на коронавирус.

Кога станува збор за Лига 1, ПСЖ е прогласен за старо-нов шампион, а назначени беа и патниците во понизаок ранг, како и оние кои резервираа билет во европските натпреварувања.

Имаше и несогласувања околу оваа одлука, но челниците на Лига 1 не сакаа ниту да слушнат за промена, па својот фокус го насочија кон плановите за следната сезона.

Францускиот „РМЦ Спорт“ пишува дека француската лига веќе донела одлука за датумот на започнување на новата сезона во Лига 1, а тоа наводно ќе биде на 23 август.

Сезоната 2020/2021 во Лига 2 треба да започне ден порано, на 22 август.

Треба да се напомене дека нема официјална потврда за горенаведените информации, но исто така дека УЕФА треба да ги потврди датумите утврдени со лигата.

Инаку, сезоната во Лига 1 беше суспендирана на 8 март, а официјално беше прекината на 30 април.