
Французите од Милан го кренаа гласот против закажаниот меч во Австралија
Рабио претходно го крена гласот против оваа идеја и кажа дека нема смисла да се поминат толку многу километри за да се одигра еден натпревар.
„Се сложувам со него. Денес многу работи се забораваат, а премногу се зборува за пари. Не разбирам зошто да играме дуели во странство од италијанското првенство. Нашите цели се високи и не смееме да прифатиме такво нешто“, вели Мењан.
Претходно беше објавено дека дуелот меѓу Комо и Милан во февруари ќе се одигра во Перт.
Фото: Facebook/AC Milan