Фиорентина преку Јувентус до пласман во Конференциска лига (ВИДЕО)

Фиорентина го победи Јувентус со 2-0 во рамки на последното коло во Серија А и обезбеди пласман во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА. 

 Стрелци на головите за „виолетовите“ беа Алфред Данкан во 45.минута и Нико Гонзалес од пенал во судиското продолжение. Фиорентина се враќа на меѓународна сцена по сезоната 2016/2017 откако заврши на 7.место на табелата. 

На останатите вечерашни натпревари, Аталанта на домашен терен загуби со 0-1 од Емполи, а Лацио и Верона одиграа 3-3.