ФИФА ќе и исплати отштета на Барселона

Проблемите на Барселона со повредите никако да поминат, а агонијата продолжи и под водство на германскиот стратег Ханси Флик.

Најлоша ситуација во Барселона беше во текот на февруари кога во еден момент на листата повредени каталонскиот гигант имаше дури 12 фудбалери. Пред почетокот на новата сезона ситуација повторно не е сјајна. Во овој момент Барселона има повредени четворица фудбалери кои според „Трансфермаркт“ вредат 310 милиони евра.

Од минатиот ноември повреден е играчот за врска Гави кој би требало да се врати на терените во текот на август. Френки Де Јонг го прескокна Европското првенство и наскоро треба да се врати.

Репрезентативните натпреварувања исто така донесоа проблеми за Барселона. Прв се повреди Педри во текот на четвртфиналето помеѓу Шпанија и Германија. За нешто помалку од 24 часа стоперот Арахо заработи повреда на Копа Америка во четвртфиналето помеѓу Уругвај и Бразил. Дефанзивецот на терените се очекува да се врати во октомври.

Тоа се големи проблеми за Барселона, но барем ќе добие отштета од ФИФА. Со оглед на долгата пауза која го чека Араухо за него ФИФА на каталонскиот гигант би требало да им исплати сума од околу 2.5 милиони евра, додека за Педри сумата е 700.000 евра.