ФИФА го казни Арсенал поради трансфер!

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го казни Арсенал со 40.000 швајцарски франци и го предупреди на однесувањето во врска со трансферите на фудбалерите, откако клубот користел променливи клаузули за продажба за кои е потвдено дека влијаеле на останатите клубови.

Во претходна истрага, во правните документи, ФИФА покажа загриженост во врска со условите на трансфери во ПАОК и Фросиноне.

„Комисијата смета дека со самото постоење на овие клаузули, Арсенал влијаел на ПАОК и Фросиноне при трансферите“, соопшти дисциплинската комисија на ФИФА.