Феран Торес не го откачи ПСЖ и ги разочара навивачите на Барселона (ВИДЕО)
Торес за првпат зборуваше на таа тема по завршувањето на Светското првенство (СП) и дополнително ги подгреа шпекулациите за неговата иднина.
„Во моментов имам договор со Барселона, но во фудбалот никогаш не се знае. Ќе почекам пред да донесам вистинска одлука. Уште не знам што ќе се случи. Барселона треба да покаже дека навистина ме сака. Моето семејство треба да биде среќно, тоа ми е најважно во моментов“, кажа Торес.
Шпанецот пристигна во Барселона на почетокот на 2022 година од Манчестер сити, а досега одигра 207 меча за каталонскиот тим и постигна 65 голови.
Фото: Barcelona/Facebook