Тер Штеген и официјално ја напушти Барса и потпиша за Ајакс!
Тер Штеген помина цела деценија на „Камп Ноу“, откако во 2014 година беше доведен од Борусија Менхенгладбах. Во дресот на каталонскиот гигант запиша 423 настапи и освои дури 21 трофеј. Вториот дел од минатата сезона 34-годишниот голман го мина на позајмица во Џирона, а сега ќе има нов предизвик во холандскиот великан.
Спортскиот директор на Ајакс, Жорди Кројф, не го криеше задоволството од реализираниот трансфер.
„Марк има извонредна кариера и неговиот квалитет е добро познат. Тој е големо засилување за нашиот тим. Се познаваме одлично и навистина се радувам што повторно ќе соработуваме. Подолго време работевме на неговото доаѓање и среќни сме што конечно го реализиравме трансферот“, изјави Кројф.