
Фенербахче го регистрираше Алиоски во УЕФА (ФОТО)
Алиоски пред две недели дојде во истанбулскиот гигант на едногодишен заем од саудиски Ал Ахли, но досега не дебитираше за Фенербахче, поради неподготвеност зашто ги пропушти подготовките поради продолжениот одмор по настапите за македонската репрезентација и завршницата од саудиското првенство.
Но, пријавувањето на Алиоски во УЕФА за плејофот против Австрија Виена, чиј прв меч се игра во Австрија во четврток навечер, е најава дека можеби популарниот Џани ќе дебитира токму на европски меч за новиот клуб.