Фаворитите без грешка: Нови триумфи за Дортмунд, Баерн и Лајпциг!

Денеска беа одиграни неколку натпревари од 15.30 часот во Бундес лигата, а фаворитите ги оправдаа своите улоги. Борусија Дортмунд славеше со 2-1 против Елверсберг, Баерн Минхен го надигра Мајнц со 2-1, а Лајпциг пукна „петарда“ против Ауггсбург (5-2).

По првото полувреме во кое немаше голови, Дортмунд го отвори резултатот во 55. минута преку Феликс Нмеча во 55. минута, а истиот фудбалер повторно се запиша во листата на стрелци само 16 минути подоцна. Елверсберг во завршницата од дуелот успеа да погоди преку Ноел Футке и намали на 1-2.

Баерн Минхен постигна по еден гол во двете полувремиња против Мајнц за победа од 2-1. Најпрво стрелаше Џошуа Кимих, а потоа Ленарт Карл. Домаќините погодија преку Ли Џае-Сунг, но голот беше поништен поради офсајд од ВАР-технологијата. Сепак, вториот им беше признаен на Филип Тиц во судиското надополнување.

Лајпциг тргна лошо против Аугсбург и прими гол на самиот старт од Антон Каде, но потоа домаќинот стрелаше три пати за целосен пресврт. Во листата на стрелци се запишаа Банзузи, Нкунку и Раум. Домашниот тим погоди уште два пати во вториот дел преку Ромуло и Баумгартнер, додека гостите стрелаа преку Огунду.

На последниот меч кој се играше во истиот термин, Падербон ремизира против Ајнтрахт Франкфурт (2-2).

Фото: Facebook/FC Bayern München