Европа се сеири: Барселона даде 160 милиони евра за да купи - повреден играч! (ФОТО)

Филипе Кутињо и Барселона ги преплавија насловите во европските и светските медиуми со долго очекуваниот трансфер од Ливерпул за 160 милиони евра, арно ама, изгледа, фановите на Барса ќе почекаат додека го видат на терен.

Медицинските прегледи нашле дека Кутињо дошол во Ливерпул повреден. Бразилецот уште ја влечел старата повреда на бутниот мускул на десната нога, така што ќе почекува за деби.

Првичните проценки се дека ќе треба да паузира три недели. Оваа информација наиде кај големо одобрување кај фановите на Ливерпул, пред сè и на сеир кај остатокот од Европа, бидејќи Барселона го направи вториот најголем трансфер во историјата, а купи фудбалер кој е неспособен да игра.

Како малку да беше малерот со Осман Дембеле, кого исто така го платија дебело во август, 150 милиони евра, а се повреди по неколку одиграни средби и паузираше сè до јануари.