Евертон удри по градскиот ривал, Ливерпул ги губи шансите за титулата! (ВИДЕО)

Евертон со 2-0 го победи Ливерпул во Мерсисајд дербито, тимот на Клоп полека ја губи трката со Арсенал и Манчестер Сити за шампионската титула.

Ливерпул има пад кога се решава сезоната, по елиминацијата од Европа, недостижна станува и титулата во Премиерлигата.

Евертон сосема заслужено го доби денешниот меч. Карамелите поведоа со гол на Брентвајт во 27. минута, а конечните 2-0 ги постави Калверт Луин во 58. минута.

На четири кола до крајот Ливерпул има три бода помалку од Арсенал, но и многу полоша гол разлика, Манчестер Сити има еден бод помалку од црвените, но и два меча помалку.

Манчестер јунајтед двапати губеше на Олд Трафорд од Шефилд јунајтед, на крајот сепак успеа да победи со 4-2.

Херој беше капитенот Бруно Фернандеш кој даде два гола и имаше една асистенција, за Хојлунд. Првиот погодок за Јунајтед на овој меч го даде Мегваер.

Кристал Палас со два гола на Матета го победи Њукасл со 2-0. Борнмут со погодок на Семенјо славеше на гостувањето кај Вулвс.