Евертон пред потоп во Лондон: Палмер постигна хет-трик за 29 минути (ВИДЕО)

Челси по половина час игра на „Стемфорд бриџ“ во Лондон води со 3-0 против Евертон, а сите три гола ги постигна англискиот репрезентативец Кол Палмер.

Палмер уште еднаш покажа дека е најсветлата точка на „сините“ оваа сезона и дури три пати го матира неговиот сонародник Џордан Пикфорд, а со тоа го приближи својот тим кон победата.