Евертон поднесе жалба, бара да му се вратат бодовите!

Премиерлигата неодамна му одзема два бода на Евертон поради кршење на правилата за финансиски фер-плеј, а тоа му ја искомплицира битката за опстанок во елитата.

Евертон призна дека ги прекршил правилата и имал загуба од 16,6 милиони фунти во периодот заклучно со сезоната 2022/23 и поради тоа независната комисија донесе одлука да биде казнет со одземање на бодови.

„Карамелите“ решија да поднесат жалба поради оваа одлука на комисијата и побараа да им се вратат бодовите со кои Евертон би бил во подобра позиција да избори опстанок.