„ЕСПН“ открива: Хамес Родригез има нов клуб

„ЕСПН“ пишува дека Хамес Родригез дефинитивно ќе игра во италијанската Серија А од следната сезона.

Колумбиецот минатите две сезони играше како позајмен фудбалер во Баерн Минхен, а германскиот шампион не сакаше да го откупи неговиот договор.

Иако имаше многу понуди, Хамес реши да се пресели во Наполи, а тоа го објави и „ЕСПН“ со наслов „Хамес во Наполи“.

Наполи за да го ангажираат на позајмица ќе платат десет милиони евра, а потоа имаат право да го откупат за дополнителни 30-40 милиони евра.

Хамес во моментов е со Колумбија на Копа Америка, а во Италија стигнува како шампион на Германија. За Баерн одигра 43 меча и постигна 15 голови.