Ердон Даци го смени клубот, но остана во Белгија

Македонскиот интернационалец Ердон Даци оваа сезона ќе ја помине во редовите на белгискиот второлигаш Деинзе откако потпиша договор со овој клуб.

Таму се сели од Вестерло чиј член беше од 2021 година, но мора да се истакне дека минатата сезона ја помина на позајмица во Вестерло. Даци е производ на фудбалската школа на Вардар, но на 19-годишна возраст замина во Коња каде дебитираше во сениорскиот фудбал, а последните три сезони е во Белгија. Во 2022 година доживеа тешка повреда на лигаментите на коленото поради што паузираше цела година. Напаѓачот има и еден настап за македонската репрезентација, на пријателскиот дуел против Ерменија во октомври минатата година на кој успеа и да се запише во листата на стрелците.

Што се однесува до Деинзе, новата сезона ја почна со високи амбиции и по три кола се наоѓа на чело на табелата со седум освоени бодови.