Обдукцијата е завршена: Сала починал поради повреди на главата

По двонеделна потрага беше пронајден авионот со кој Емилијано Сала требаше да стигне во Кардиф и да го потпише договорот со својот нов клуб. Во авинот имаше и безживотно тело кое потоа беше идентификувано дека е на Сала. Денеска излезе информацијата дека смртта официјално настанала поради повреда на неговата глава.

Телото на починатиот фудбалер био идентификувано од експерти за отисоци, кој преку допирите на неговите прсти го идентификувале безживотното тело на Сала. Откриено е и дека официјалната смрт настанала поради повреди на главата, но и други помали повреди на неговиот труп. 

Целосната истрага од неговата обдукција нема да биде објавена во наредните шест до дванаесет месеци поради заштита на доказите, бидејки е покрената и истрага во која се бараат наводните виновници за оваа несреќа.

За потсетување телото на пилотот Дејвид Ајботсон сè уште не е пронајдено, па тоа отвора уште многу прашалници во однос на овој случај.