Елмас одигра цел меч, Наполи освои бод против Милан на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)

Наполи и Милан ја продлабочија кризата, откако одиграа 1-1 на „Сан Сиро“ во 13. коло од италијанската Серија А, додека македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го одигра цел меч за неговата екипа.

Ирвинг Лозано донесе водство за гостите од Неапол во 24. минута, а само пет минути подоцна Џакомо Бонавентура израмни на 1-1.

На стартот на второто полувреме следеше израмнета игра меѓу двете екипи, па тие создадоа по неколку шанси, но мрежите останаа да мируваат, со што продолжи очајната форма на клубовите.

Наполи веќе петти меч по ред не знае за триумф, додека Милан на последните три дуели освои само еден бод.