Елмас и Наполи со триумф се враќаат од Милано (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас одигра цел натпревар против Интер во првиот полуфинален меч во италијанскиот Куп, кој го доби Наполи со 1-0.

Наполи играше храбро во првото полувреме, па беше за нијанса подобар од домаќините, но мрежите во Милано останаа да мируваат.

Во вториот дел Интер го диктираше темпото на теренот, а Наполи со единствениот шут преку Руиз погоди за 1-0 и потоа до крајот на дуелот го бранеше резултатот.

Реваншот меѓу екипите се игра на петти март во Неапол.