Елмас доби нов тренер: Алегри го презема кормилото на Наполи!

Италијанскиот тренер Масимилијано Алегри пред неколку денови доби отказ од Милан, но не чекаше долго за нов ангажман затоа што од следната сезона ќе го тренира Наполи.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Алегри ја прифатил понудата на поранешниот италијански шампион и ќе го наследи Антонио Конте на кормилото.

Наполи наскоро треба да го промовира новиот тренер со кој ќе се обиде да се врати на врвот во Серија А.

Фото: Facebook/AC Milan