Македонските одбојкари одиграа необичен меч со Црна Гора кој заврши - нерешено!

Македонската одбојкарска репрезентација денеска се соочи со Црна Гора во првиот пријателски натпревар во подготовките за Европската лига 2026, а истиот заврши со необичен резултат - нерешено (2-2).

Црногорците го добија првиот сет со 15-25, по што Македонија возврати со 25-16. Следниот сет им припадна на домаќините во Подгорица (25-14), а четвртиот го добија нашите одбојкари со 25-18.

Вториот натпревар меѓу Македонија и Црна Гора е закажан за утре со почеток од 18 часот во Подгорица.