Сабаленка ја растури Жакмо за пласман во трето коло на Ролан Гарос

Првата тенисерка во светот, Арина Сабаленка оствари голема победа во второто коло на Ролан Гарос, откако со 2-0 во сетови ја совлада Елса Жакмо.

Сабаленка успеа да го доби првиот сет со 7-5 против Французинката, додека во вториот беше уште подобра и славеше со 6-2.

Белорусинката во третото коло на Ролан Гарос ќе се соочи против Дарија Касаткина.