Димитриевски: БиХ е квалитетен ривал и одличен тест пред Лигата на нации

Македонија ќе одигра два контролни натпревари во следните денови, а првиот е закажан за утре против Босна и Херцеговина во Сараево.

Голманот на македонската фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски се надева на добар настап против БиХ, но и „чиста мрежа“.

„Се подготвуваме за Босанците, да одиграме добар натпревар во два правци. Доста време лично јас сум во добра форма, се чувствувам добро. Мислам дека влегувам во најдобрите денови од кариерата. Кај нас голманите тоа доаѓа подоцна од фудбалерите, а се надевам дека ќе продолжам во тој стил, ќе ѝ помогнам на Македонија и на целта на селекторот. Ќе видиме како ќе тргне натпреварот утре. Работевме на сите сегменти од играта. Подготвени сме, направивме добра анализа и се надеваме на поголем притисок во нивниот дел. Следните натпревари во Лигата на нации ни се најважни, па Босанците се селекција која е многу слична на она што ни следува. Има доста потенцијал во новајлиите. Треба да се вклучат во работата, добро се прилагодија со нас ‘постарите’. Треба да бидат во целината на тимот, да се борат и за да добијат шанси да заиграат за Македонија во следниот циклус“, кажа Димитриевски.

Натпреварот меѓу БиХ и Македонија се игра утре од 20.30 часот.