„Ел Класико повеќе не е најголемо дерби во светот поради Барселона“

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Месут Озил верува дека шпанскиот гигант би можел да ја освои Лигата на шампиони (ЛШ), а даде коментар и за „Ел Класико“

Фудбалерите на Реал овој викенд имаат уште еден предизвик, а тоа е „Ел Класико“ против Барселона во недела, кое секогаш привлекува голем интерес.

„Кога играв во Реал, Ел Класико беше најважен меч во светот, игравме против најдобрата Барселона во историјата. Ел Класико повеќе не е најголемо дерби, а за тоа е виновна Барселона“, кажа Озил.