Еден од најдобрите играчи на Атлетико најави во кој гигант ќе замине (ФОТО)

Од поодамна шпанскиот репрезентативец во Атлетико Мадрид, Саул Нигез е мета на најголемите клубови во Европа, ама засега мадридските црвено-бели не размислуваа да го продадат, но после корона-проблемот и финансиските проблеми во кои сите запливаа, можно е да се случи еден од најдобрите фудбалери да си замине од „Ванда Метрополитано“.

Самиот Саул веќе на социјалните мрежи полека го најавува трансферот, а изборот е – Манчестер јунајтед. Шпанецот веќе ги заследил „црвените ѓаволи“, како и зимското засилување Бруно Фернандеш, сонародниците Хуан Мата и Давид Де Хеа, но и француската суперѕвезда Пол Погба, кој од друга страна сака да си оди. И можно е Саул практично да е замената за Погба, кој после ваков трансфер ќе добие „зелено светло“ за заминување, а Јувентус и Реал Мадрид се споменуваа како идна дестинација.

Саул за Атлетико има 286 меча и 38 гола, а шест години го носи црвено-белиот дрес и најави дека за три дена ќе објави каде ќе игра во новата сезона.