Еден од најдобрите фудбалери во Ла Лига играл две години со - парче стакло во ногата!

Фудбалерот на Атлетик Билбао, Ињаки Вилијамс во изминатите две сезони играл со парче стакло во ногата, иако не бил свесен за тоа.

Вилијамс на одмор пред две години стапнал врз стакло, при што ја повредил ногата и имал длабока рана, а сега на преглед било откриено дека во ногата имал стакло од два сантиметри.

Одличниот играч го потврди тоа на социјалните мрежи и објави фотографија со стаклото кое успешно му било отстрането.