Џенова се спаси од пораз: Пандев одигра 20 минути (ВИДЕО)

Џенова одигра 1-1 на гостувањето кај Специја во рамки на 10.коло во Серија А. 

Домашните поведоа во 66.минута благодарение на автоголoт на голманот Салваторе Сиригу. Доменико Кришито го донесе бодот за гостите во 86.минута од пенал. Македонскиот интернационалец Горан Пандев влезе во игра во 70.минута од средбата. 

На вториот денешен натпревар што стартуваше во истиот термин Салернитана славеше на гостувањето кај Венеција со 2-1 со гол постигнат во 95.минута.