Официјално Пандев е здрав: Џенова ги објави имињата на позитивните на Ковид
Клубот од северот на Италија вечерва и официјално ги соопшти имињата на сите кои имаат коронавирус. Претходно беше познато дека првите двајца позитивни се голманот Матија Перин и Ласе Шене, потоа Франческо Касата, Лукас Лерагер, Федерико Маркети, Филипо Мелегони, Лука Пелегрини, Марко Пјаца, Иван Радовановиќ и Давиде Запакоста.
Најдобрата вест за македонската спортска јавност е фактот што на оваа листа не е Горан Пандев. Македонецот ќе биде подготвен за настап за македонската фудбалска репрезентација за бараж дуелот со Косово во Скопје на 8.октомври.