
Џексон на „слатки маки“, неколку гиганти се „тепаат“ за неговиот потпис!
Еден од најсериозните кандидати е Астон Вила, предводена од Унаи Емери, кој во минатото му беше тренер на Џексон во Виљареал и сега сака повторно да соработува со младиот напаѓач. Екипата од Бирмингем веќе работи интензивно за да го донесат на „Вила Парк“.
Но, Астон Вила не е единствена. Во игра се споменуваат и Баерн Минхен и Њукасл Јунајтед, а можно е и други клубови да се приклучат во трката во последен момент. Се очекува вистинска трансфер-драма до самиот крај на преодниот рок.