
Џеко го одбил Хајдук, сака да остане во Фенербахче!
Спортскиот директор на Хајдук, Никола Калиниќ го контактирал Џеко и се обидел да го донесе во Сплит.
Причината е платата која ја добива Џеко во Фенербахче, а таа изнесува 4,2 милиони евра годишно, сума која не може да си ја дозволи хрватскиот клуб.
Босанскиот напаѓач не ја исклучил можноста следното лето да дојде во Хајдук и во овој клуб да ја заврши кариерата.