
Џек Вилшер откри голема тајна: Арсен Венгер добил отказ на „Емирати“
Вилшер е дете на Арсенал, кој во клубот мина 17 години и летово потпиша за друг лондонски клуб Вест Хем. Тој на гостување во „Би-Би-Си“ посочил дека заминувањето на Венгер од клубот значело и негово заминување, иако на маса имал нов договор, но по разделбата на Французинот со Арсенал решил да си замине,
„Јас бев во последната година од мојот договор и во тоа време зборував со менаџерот, Арсен Венгер, кој ми рече дека нема да добијам нов договор и дека можам да си одам ако сакам. Во тој период бев повреден и ми беше тешко, затоа што така неподготвен, без мечеви, малку тимови би ме сакале. Но, јас решив да останам и потоа се вратив во тимот и во јануари добил нов договор. Но, веднаш потоа Арсен доби отказ. Беше чудно. Сите бевме шокирани. Пер Мертесакер, капитенот, кажа неколку зборови, но едноставно шокот надвладеа кај сите. Многу чудна ситуација. Никој не ни претпоставуваше такво нешто и сето тоа промени сè. Јас сочекав да видам кој ќе биде нов менаџер за да поразговарам со него, сооглед дека имав понуда на маса. И брзо разговаравме (со Унај Емери – н.з.), тој е бријлантен и беше многу искрен со мене. Ми рече ако сакаш можеш да останеш, ама нема да бидеш во моите први 11. Така и сфатив дека е дојдено времето за конечно да си заминам“, објави Вилшер.