Џака: Не можам да разберам, тоа за мене беше понижувачки

Гранит Џака проговори за она што му се случи пред две недели кога навивачите на Арсенал го исвиркаа при излегувањето од теренот. Швајцарецот во врустрација гестикулираше кон публиката и им врати со пцовка. 

Сега веќе поранешниот капитен на „топчиите“ во јавноста ги сподели своите мисли околу инцидентот, но и натаму стои на својот став, дека грешката е кај навивачите. 

„Кога го видов мојот број на таблата за измени и нашите навивачи почнаа со свиркање, тоа ме погоди многу силно и навистина ме вознемири. Беше понижувачки и фрустрирачки. Не можам да разберам таква реакција, дури и сега, посебно пореди екстремната негативност кон мене. Не сакам да кажам дека сум човек што не знае да прими критика. Ако јас и тимот не играме добро, мораме да слушаме и да работиме напорно на тоа. Но навредување и пцуење на вашиот капитен ќе предизвика немир и лоша атмосфера во тимот, што го подржувате. Тоа за мене нема никаква смисла и го намалува тимскиот дух“, изјави Џака за швајцарскиот весник „Блик“.