Два црвени картони и триумф на Лион на стартот на Лига 1 (ВИДЕО)

Лион има добар почеток на сезоната, откако славеше со 2-1 против Ажаксио во меч во кој беа доделени и два црвени картони во првото полувреме.

Тете го постигна првиот гол во Лига 1 во новата сезона, по што Лаказет од пенал го зголеми водството за Лион (2-0), но само неколку минути подоцна голманот Лопез доби црвен картон поради невнимателен прекршок.

Мангани набрзо од пенал погоди за 1-2, но потоа и гостите заработија црвен картон, откако беше исклучен од игра Хамоума.

Во вториот дел се водеше битка и на двете страни имаше по неколку шанси, но сепак мрежите мируваа до крајот и Лион освои три бода.