Драма во Лондон: Лингард го израдува Јунајтед, Де Хеа одбрани пенал! (ВИДЕО)
Бенрама им донесе водство на „чеканите“ во 30. минута откако неговиот удар се одби од Варан и заврши во мрежата на Де Хеа, но пет минути подоцна Кристијано Роналдо погоди за 1-1.
Во второто полувреме имаше добри шанси на двете страни, но „црвените ѓаволи“ ја продолжија победничката серија благодарение на Џеси Лингард, кој погоди во 89. минута. А потоа и Де Хеа му одбрани пенал на Нобл во последната минута од средбата.
Брајтон славеше против Лестер со 2-1 во навистина луд меч на кој им беа поништени дури два гола на „лисиците“.
Јунајтед сега има 13 бодови и се израмни со Ливерпул на врвот на табелата.