Драма на Островот: Ливерпул ептен го сака, но негова желба е трансфер во – Арсенал!

По продажбата на еден од своите најдобри фудбалери во Барселона и заработката на 160 милиони евра, започнаа „црвените“ од „Енфилд“ да се поврзуваат со голем број на фудбалери, а еден од нив ни доаѓа од Лестер.

Еден од играчите за кои е заинтересиран Клоп е Ријад Марез, со кого веќе ги започнале преговорите.

За да не биде се совршено и како што би посакал Германецот е заслужна желбата на Марез, а тоа е да заигра во тимот на Арсенал.

Марез е поврзуван со многу клубови, но ниту еден не ги исполни барањата на „лисиците“.