Дортмунд со пресврт го совлада Келн (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд ја запиша втората победа сезонава во германската Бундеслига, откако со пресврт славеше на гостувањето кај Келн со 3-1.

Доминик Дрекслер погоди за водство на Келн во 29. минута, а до крајот на полувремето домаќините се обидуваа да постигнат и втор гол, но не успеаа во своите намери.

Во вторите 45 минути Дортмунд доминираше на теренот, па до израмнување стигнаа во 70. минута преку Санчо, а 16 минути подоцна Хакими погоди за пресврт од 2-1, додека конечните 3-1 ги постави Алкасер во 94. минута.