Дортмунд потроши седум милиони евра на засилување од Премиерлигата

Борусија Дортмунд и официјално го потврди трансферот на искусниот фудбалер Паскал Грос, кој доаѓа од премиерлигашот Брајтон за седум милиони евра плус бонуси.

Грос досега настапи на 228 меча во Премиерлигата и постигна 30 голови и 45 асистенции, па се очекува да биде големо засилување за „милионерите“.

„Мило ми е што потпишав договор со Дортмунд. Ми се оствари сонот затоа што навивам за Дортмунд уште од детството. Ќе се обидам да ја оправдам довербата“, кажа Грос.