Дортмунд остана без еден од најважните фудбалери за дербито против Баерн

Борусија Дортмунд и Баерн Минхен запишаа нови победи, па нивниот меѓусебен дуел би можел да реши многу прашања околу новиот шампион во Бундеслигата.

Без оглед на денешните триумфи, Дортмунд се соочува со големи проблеми и тоа поради повреда на еден од нивните најважни фудбалери, Матс Хумелс.

„Имаше проблеми со ахиловата тетива, но се надеваме дека наскоро ќе се врати на теренот“, кажа спортскиот директор на „милионерите“.

Дербито меѓу германските екипи се игра во вторник од 18.30 часот